Русија и Македонија ќе ја прошират соработката во земјоделството

Bez autora
Feb 19 2012

Македонија и Руската Федерација ја прошируваат соработката во земјоделието, а основа за тоа е Меморандумот што во Москва го парафираа министрите за земјоделие на двете држави, Љупчо Димовски и Елена Скриник. Министерот Димовски за руската агенција ИТАР-ТАСС изјави дека со својата колешка разменил мислења и за насоките за привлекување руски инвестиции во македонската економија. Руски компании можат да отворат откупно-дистрибутивни центри на македонска територија според поволни услови - рекол Димовски нагласувајќи дека било договорено да се формира работна група во сферата на земјоделството, која ќе биде дел од меѓувладината комисија. Директорот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, изјави дека трговската размена меѓу двете земји во 2011 година пораснала за 30% и изнесувала 670 милиони долари.

Русија и Македонија ќе ја прошират соработката во земјоделствотоМакедонија и Руската Федерација ја прошируваат соработката во земјоделието, а основа за тоа е Меморандумот што во Москва го парафираа министрите за земјоделие на двете држави, Љупчо Димовски и Елена Скриник.

Министерот Димовски за руската агенција ИТАР-ТАСС изјави дека со својата колешка разменил мислења и за насоките за привлекување руски инвестиции во македонската економија.

- Руски компании можат да отворат откупно-дистрибутивни центри на македонска територија според поволни услови - рекол Димовски нагласувајќи дека било договорено да се формира работна група во сферата на земјоделството, која ќе биде дел од меѓувладината комисија.

Директорот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, изјави дека трговската размена меѓу двете земји во 2011 година пораснала за 30% и изнесувала 670 милиони долари.

- Имаме соработка со Стопанската комора на Руската Федерација и со регионалните комори - ростовската, самарската, нижегородската, сочинската, воронешката, липецката и волгоградската - подвлече тој и потенцира дека се прават напори да се прошират врските по пат на приклучување на руските региони.

Што се однесува до перспективите во развојот на трговско-економските односи, според Бешлиев 2008 година е рекорден показател во динамиката на руско-македонската соработка.

- Меѓусебната трговска размена тогаш изнесуваше околу 960 милиони долари - појасни Бешлиев, посочувајќи оти во 2010 година овој број изнесувала само 500 милиони, а според резултатите од 2011 се зголеми до 670 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik